Фацелија (Phacelia tanacetifolia) – медоносно растение

          Фацелијата е едногодишно медоносно растение кое може да се користи како паша за пчелите во период од мај до септември. Тоа може да се постигне со постепена сеидба на растојание од 15-20 дена. Приносот на мед кој може да се добие од неа е од 500-1000 кг/ха. Бојата на медот е светложолта со пријатен мирис и вкус и одличен квалитет. Може да се користи за зелено ѓубрење и многу е погодна за плодоред. По потекло е од Америка а  во Европа е донесена во 19 век.

          Слична е на плевел, достигнува висина околу 60-90 см. Почнува да се разгранува во долниот дела на стеблото. Едно растение содржи од 5000-7000 цветови со виолетова боја. Цвета 45-50 дена после сеење. Цветањето трае 30-40 дена ако сеењето се распореди на временско растојание периодот на паша кај ова растение може да се продолжи  во текот на целото лето односно од мај до септември. Покрај тоа што се користи како паша за пчели, фацелијата се користи за подготовка на сено за добитокот и за производство на семе.

          Прегледајте го целосниот текст во пдф на следниот линк.

          👉 Фацелија (Phacelia tanacetifolia) – медоносно растение

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна