ДИРЕКТОРОТ НА АПРЗ ИГОР ЗЛАТКОВ ПОТПРЕСЕДАТЕЛ НА МРЕЖАТА НА СОВЕТОДАВНИ СЛУЖБИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

          Во учество на повеќе од 10 држави од југоисточна Европа, Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството м-р Игор Златков е избран за потпретседател на Мрежата на советодавни служби во земјоделството на земјите од југоисточна Европа.

          На 22 октомври 2015 година во хотелот Света Софија во Софија, Република Бугаријасе одржа основачкото собрание на Мрежата на советодавни служби во земјоделството на земјите од југоисточна Европа. На ова собрание учествуваа претставници од советодавните служби во земјоделството на повеќе земји од југоисточна Европа: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Српска, Србија, Косово, Македонија, Австрија, Унгарија, Бугарија и Швајцарија.

          На ова собрание беше усвоен Статутот на Мрежата на советодавни служби во земјоделството на земјите од југоисточна Европа и беше донесена одлука за основање на оваа мрежа. Седиштето на истата е во Загреб, Хрватска. Исто така беше избрано претседателството и другите органи на мрежата.

          Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството м-р Игор Златков е избран за потпретседател на Мрежата на советодавни служби во земјоделството на земјите од југоисточна Европа. Избран е и за член на надзорниот одбор на оваа мрежа.

          Оваа Мрежа се формира со цел:

          • Зголемување на ефикасноста на земјоделски советодавни услуги, со цел да се развие земјоделството и руралните средини во регионот;
          • Динамична размена на знаења и искуства за начинот на финансирање на советодавни услуги;
          • Едноставна размена на искуства, знаење и информации, на разбирлив начин со користење на локалните јазици;
          • Полесна соработка со слични организации во регионот и во Европа;
          • Соработка со регионални проекти;
          • Редовна кореспонденција меѓу членовите на Мрежата

          Активности за реализација на целите Мрежата се:

          • Организирање на работилници, семинари, предавања, трибини, симпозиуми, промоции и други настани во врска со актуелните проблеми и прашања;
          • Организирање активности и едукативни обуки;
          • Поврзување на заинтересирани советници и други заинтересирани страни да работат заедно и да реализираат разни проекти поврзани со трансфер на знаење во областа на земјоделството, руралните средини и да се зголеми одржливоста и конкурентноста во секторот;
          • Објавување на публикации, прирачници, брошури и флаери за активностите на Мрежата;
          • Се грижи за стручно и професионално усовршување на членовите преку создавање услови за подобрување на професионалните перформанси;
          • Предлагање на проекти од значење за регионот во кој Мрежата работи, како и пошироко;
          • Воспоставување на соработка со владата на локалните и регионалните власти, како и со други слични здруженија и организации во земјата и странство;
          • Други активности кои можат да придонесат за постигнување на целите здруженија во согласност со закон;
          • Севкупните активности на Мрежата треба да промовираат разбирање и усвојување на етички вредности преку ангажирање на советодавни услуги во земјоделството и руралните средини;
          • Обезбедување на материјални ресурси и трошењето на средствата во согласност со прописите на законодавецот;
          • Соработка со други организации и институции.

          На ова основачко собрание од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството учествуваа тројца претставници со полно право на глас.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна