Активности на АПРЗ во ПРР

Активности на АПРЗ во спроведување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој во 2011

Основни податоци

Заради подобрување на комуникацијата при процесот на реализација на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2011 година во рамките на АПРЗ се воспостави координативна група по однос на активностите за спроведување на Програмата.
Групата е составена од: национален координатор за рурален развој со седиште во Дирекцијата на АПРЗ и 6 регионални координатори од советниците на: РЦ Битола, РЦ Скопје, РЦ Струмица, РЦ Куманово, РЦ Штип, РЦ Тетово. Функционирањето на координаторите се сведува преку советниците во 30те Работни Единици кои делуваат и во повеќе од 44 диспрезирани канцеларии во различни рурални средини на територија на РМ.
Со цел навремено и поефикасно спроведување на активностите, Секторот за развој изработи Акционен План за реализација на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2011. Според акциониот план предвидено е да се организираат повеќе од 120 директни средби (обуки) со заинтересираните баратели на средствата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2011.
Националниот координатор за рурален развој оствари соработка и редовна комуникација со МЗШВ и АФПЗРР заради добивање на целосна информација за спроведување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2011 година. На почетокот на јавниот оглас беше организирана средба од АФПЗРР на која 30 советници од АПРЗ имаа можност да се запознаат со критериумите по Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2011.

Опфат на активноста

Ставајќи ги во функција 95 теренски советници и користејќи ги постоечките ресурси и добрата соработка со индивидуалниот сектор се опфаќаат повеќе од 500 рурални селски средини со просек на повеќе од 8000 дирекни контакти со земјоделски производители. Од кои со директна поддршка при процесот на аплицирање ќе бидат опфатени повеќе од 1.500 потенцијални апликанти. Во оваа фаза на поддршка ќе земи учество и административниот кадар во АПРЗ кој е обучен од самите советници.

Активности на националниот координатор за рурален развој:

1. Подготвува план за активности за спроведување на Програмата.
2. Го договара начинот на известување со МЗШВ и АФПЗРР.
3. Преку Дирекцијата на АПРЗ ги известува регионалните раководители за организација на административните активности за спроведување на Програмата.
4. Заедно со регионалните координатори ја ажурираат листата на советници кои работаат на давање на помош на потенцијалните апликанти, комплетирање на апликаците и во помош при подготовка на бизнис плановите и тоа го договара со нивните регионални раководители.
5. Испраќа мониторинг формулар (во excel) како начин за известување до советниците преку регионалните координатори и дава препораки кога треба да бидат пополнети и електронски вратени до нивните регионални координатори секоја недела (во петок).
6. Организира временски период за директна помош преку телефон и е-маил за советниците и ги известува регионалните координатори за неговата достапност.

Активности на регионалните координатори:

Улогата на регионалните координатори е насочена кон редовна комуникација со советниците во конкретниот регион, вклучени во давање на помош при пополнувањето на формуларите, воедно, обезбедуваат постојана поддршка на советниците и даваат повратна информација до националниот координатор за рурален развој. 1. Подготвуваат листа на советници кои ќе работаат на давање на помош на потенцијалните апликанти при пополнување на формуларите, во договор со регионалниот раководител и националниот координатор за рурален развој ја праќаат листата до МЗШВ (сектор за РР).
2. Подготвуваат слична листа на советници кои ќе работаат на давање на помош на потенцијалните апликанти при пополнување на бизнис плановите, во договор со регионалниот раководител и националниот координатор за рурален развој ја праќаат листата до МЗШВ (сектор за РР).
3. Во консултација со главниот координатор за односи со јавноста во Дирекцијата на АПРЗ испраќаат информација за медиуми и допис до локални радиа и весници.
4. Договараат со главниот координатор за рурален развој кога мониторинг формуларите треба да бидат вратени, на неделно ниво (во понеделник). Истите формулари ревидирани од регионалните координатори се препраќаат до националниот координатор за рурален развој.
5. Со националниот координатор за рурален развој подготвуваат помотивни материјали (презентации, летоци и друг информативен материјал).

Активности на советниците:

Улогата на советниците е насочена кон давање на помош кон апликантите при пополнувањето на барањата и подготвување на бизнис плановите.
1. Воспоставуваат редовна комуникација со регионалниот координатор во конкретниот регион,
2. Пополнетите мониторинг формулари ги испраќаат еднаш неделно (во петок) до својот регионален координатор.
3. Поради итноста на одредени прашања, проблеми и забелешки, истите во електронска форма да се достават до регионалниот координатор кој ги препраќа до националниот координатор за рурален развој.