Општо за ПФП


Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година

I. Општи услови

Право на користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година имаат земјоделски стопанства запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства кој се води во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството и Агенцијата.

II. Постапка за поднесување на барање

За да го остварите правото за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година, прв чекор кој треба да го направите е да го пополните Образецот „Барање за директни плаќања“.
1. Каде може да го добиете образецот „Барање за директни плаќања“?
Образецот може да го добиете на следните места:
а) Во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во натамошниот текст: Агенција),
б) На веб страната на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk,
в) Во Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
г) Во регионалните единици на Агенција за поттикнување на развојот во земјоделството.
2. Помош при пополнување на образецот „Барање за директни плаќања“
Помош при пополнување на образецот ќе добиете од советниците во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Пополнувањето на образецот треба да биде со печатни букви, читко и разбирливо со сино пенкало. Доколку барањето е неразбирливо или нечитко пополнето, не може да продолжи во понатамошен процес на обработка.
Образецот и помошта за негово рачно пополнување од страна на советниците на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството СЕ БЕСПЛАТНИ
3. Постапка со пополнетиот образец „Барање за директни плаќања“
Пополнетиот образец, заедно со пропишаните документи, се доставува во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на чие подрачје се наоѓа Вашето земјоделско производство (производствени капацитети). Доколку имате производствени капацитети во катастарски општини кои не припаѓаат на една подрачна единица, во тој случај поднесувате барање во секоја подрачна единица за производствените капацитети кои припаѓааат во дадената подрачна единица. Со поднесување на образецот, во подрачната единица добивате потврда за прием со евидентирана дата на прием.
4. Постапка со примениот образец “Барање за директни плаќања“
По доставување на барањето во подрачната единица, следи процес на проверка на доставената документација и внесување на податоците во електронска форма. По внесот на податоците од доставеното барање во подрачната единица, следи печатење (принтање) на образецот „Барање за директни плаќања“ каде истото се потпишува од страна на подносителот на барањето и од вработено лице во подрачната единица. Оваа постапка Ви дава можност за Ваша повторна проверка на податоците внесени во барањето и во електронскиот систем, как о и автоматска проверка на податоците од регистрите и евиденциите преку кои се врши административна контрола на доставеното барање. Во случај на несовпаѓање на податоците од барањето со податоците од регистрите имате можност истите да ги корегирате во надлежните институции и да го остварите правото на директни плаќања за производствените капацитети со кои реално располагате.
5. Повлекување, изменување и дополнување на поднесено барање
за директни плаќања во целост или во делови може да биде повлечено, изменето или дополнето по писмен пат од страна на подносителот најдоцна во рок од 30 дена од поднесувањето, освен доколку носителот на земјоделското стопанство е веќе информиран за намерата од изведување на контрола на самото место, или за постоење на нерегуларност во барањето. Писмена достава за повлекување, изменување и/или дополнување на барањето се доставува до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Барање може да поднесе само носител на земјоделско стопанство. Доколку имотот е во сопственост на член на стопанството, задолжително сепополнува Изјава за носител и членови на семејното земјоделско стопанство иистата се заверува на нотар.
Доколку земјоделското стопанство е регистрирано во една подрачна единица, а барањето се доставува во друга, во тој случај задолжително се доставува потврда за упис во Единствен регистар на земјоделски стопанства издадена од подрачната единица каде што се води регистарот.
За растително производство барање се поднесува по завршување на сеидба/садење/расадување. Не се пријавуваат површини кои се планираат за сеидба, туку реално насеаните површини.