Вести
Поддршка за домашните производители на саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, м-р Пеце Стојковски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, присуствуваа на саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. Настанот се одржа кај Школка, во Градскиот парк во Скопје.
Саемот ги обедини домашните производители и ги промовираше традиционалните вкусови, локалните производи и можностите за развој на руралните средини.
Агенцијата продолжува да им обезбедува советодавна поддршка на земјоделците, со цел унапредување на нивните стопанства и поголема препознатливост на македонските производи.
Да го поддржуваме домашното производство и да ја чуваме традицијата!




