Вести
Претходна најава за ИПАРД Јавен повик 01/2026
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како надлежна институција и договорен орган објави претходна најава за објавување на Јавен повик 01/2026 за доставување на барања за користење на финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2021-2027 година)
Финансиските средства од овој Јавен повик се наменети за следните мерки:
Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства
Мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
Мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси (освен прироритетен сектор Производство и продажба на енергија од обновливи извори)
Јавниот повик ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување во дневните весници.
НАПОМЕНА: Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисници на средства по содветната мерка од ИПАРД Програмата 2021-2027 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на АФПЗРР во периодот до објавување на Јавниот повик 01/2026.
Објавата можете да ја превземете на следниот линк